Линкови за пристапност

Шатлот Дискавери наместо денеска, утре се враќа на Земјата


Спејс-шатлот Дискавери ќе остане уште еден ден во орбитата, откако лошите временски услови ја принудија американската вселенска агенција НАСА да го одложи слетувањето во Флорида.

НАСА има две можности да го приземји леталото, но контролорите на летање му потврдија на екипажот дека ниските облаци над Флорида ги прават условите за слетување нестабилни за Дискавери.

НАСА соопшти дека во вторник има неколку можности да му помогне на спејс-шатлот да слета во Кејп Канаверал, Флорида, како прва опција, во авио-базата Едвардс во Калифорнија или пак, во сојузната држава Ново Мексико.

Дискавери има доволно намирници да остане во орбитата до среда.

XS
SM
MD
LG