Британскиот премиер Тони Блер се заложи за депортирање странски екстремисти кои пропагираат насилството, како дел од новите безбедносни мерки по бранот бомбашки напади во Лондон. За време на денешната прес-конференција, Блер го претстави новиот предлог за депортирање кои ќе ги зафати странските државјани кои се залагаат и поддржуваат терористички акти. Премиерот Блер подвлече дека “правилата на играта се променети.“ Блер истакна дека неговата влада ќе направи листа на екстремистички веб-страници и организации, кои ќе помогнат да се одреди кое лице ќе се соочи со депортирање од земјата.