Линкови за пристапност

Претседателот Буш на заканите од Ал Каида: Мисијата во Ирак продолжува


Претседателот Буш оцени дека американските војници ќе ја завршат мисијата во Ирак и покрај заканите од Ал-Каида. Буш ова им го изјави на новинарите од ранчот во Тексас, откако на видео-лента, вториот човек на Ал –Каида Ајман ал Завахири, која беше емитувана од арапскиот сателитски канал Ал Џезеира, ги предупреди САД дека ќе се соочат со илјадници воени загуби во Ирак, ако не ги повлечат трупите. Високиот претставник на Ал – Каида исто така се закани на нови терористички напади во Британија, без претходно да преземe директна одговорност за бомбашките напади на 7-ми јули, при што загинаа повеќе од 50 лица.

XS
SM
MD
LG