Линкови за пристапност

Успешна поправка на шатлот Дискавери


Американскиот астронаут Стив Робинсон од спејс-шатлот Дискавери успешно ја заврши ризичната поправка на долниот дел на шатлот. Тој денеска успеа да ги извлече двете парчиња изолациона пена кои штрчеа меѓу термичките плочки на леталото. Парчињата се изместија при лансирањето на Дискавери. Робинсон дојде под клунот на леталото каде што штрчеа парчињата со помош на роботска рака прикачена на Меѓународната вселенска станица. Ова е биде прв пат во 24-годишната историја на шатл-летовите астронаут да работи на долниот дел на леталото, и тоа во вселената. До поправката дојде откако НАСА изрази загриженост дека топлите гасови може да навлезат во пукнатините на плочките и да ја загрозат безбедноста на леталото при враќањето во земјината атмосфера.

XS
SM
MD
LG