Линкови за пристапност

Стејт департментот за случајот Вранишковски


Вршителот на должноста портпарол на Стејт департментот Том Кеси директно не одговори на новинарското барање да ја коментира новонастанатата ситуација меѓу Македонија и Србија во врска со случајот Вранишковски, со образложение дека не ги видел медиумските извештаи на таа тема.

Сепак, Кеси кажа: Нашите ставови за верските слободи се познати. Што се однесува до Македонија, ние даваме силна поддршка на решавањето на разликите меѓу заедниците преку Охридскиот договор. Што се однесува до Србија - ќе повторам - позната е нашата политика дека посекако поддржуваме мирно разрешување на разликите меѓу сите соседи во регионот.

На друго прашање - за Косово, во контекст на медиумските пишувања дека албанската полиција близу границата со Црна Гора нашла големо количество оружје и муниција што наводно било наменето за некои нови вооружени лица на Косово, портпаролот Кеси повторно се огради со коментар дека ги нема видено написите, но подвлече дека САД во секој случај не поддржуваат насилство или трансфер на оружје на Балканот. За Косово, кажа Том Кеси, САД, како и другите инстанци од меѓународната заедница чекаат на проверката на ОН дали се спроведени стандардите, пред да би можело се прејде на, како што подвлече, можноста за преговори за конечниот статус.

XS
SM
MD
LG