Линкови за пристапност

Кина предложи втор нацрт на заедничката декларација за прекин на севернокорејската нуклеарна програма 


Пратеници од шесте држави се сретнаа во Пекинг во понеделникот, на седмиот ден на разговори во обид да дојдат до спогодба по соопштението за основните принципи – за кои тие се надеваат дека ќе постават основа за завршување на севернокорејската нуклеарна програма.

Главниот американски преговарач, Кристофер Хил, вели дека неговиот тим ги идентификувал точките на загриженост во нацртот.

"Мојата делегација имаше внатрешни дискусии за тоа, и посочи на точките со кои сме задоволни и точките во врска со кои имаме резерви. И затоа, процесот на создавање нацрт започнува одново."

Господинот Хил зборуваше за вториот нацрт на документот што доцна во неделата беше претставен од домаќинот Кина. Главната пречка во спогодбата останува прашање на тајмингот. Северна Кореја сака помош и безбедносни гаранции од земјите инволвирани во разговорите – САД, Русија, Јужна Кореја, Јапонија и Кина – како и нормализирање на односите со САД, пред да се согласи на нуклеарно разоружување.

САД инсистира на проверливо разоружување пред се друго. Вашингтон нагласи дека Северна Кореја прекршила голем број меѓународни спогодби за ослободување од уклеарно оружје и сега е потребно да има и акција како дополнение на ветувањата. Друг знак дека разговорите се попродуктивни од трите претхопдни сесии е што Пјонгјанг во неделата кажа дека повторно ќе се приклучи Договорот за нуклеарна не-пролиферација и дека ќе ги прифати меѓународните инспекции доколку сегашниот проблем се реши.

Северна Кореја се согласи да се врати на четвртата рунда преговори во јули по повеќе од една година бојкот. Пјонгјанг соопшти враќање откако Јужна Кореја вети дека ќе им обезбеди електрична енергија во замена на напредокот во решавање на нуклеарното прашање.

XS
SM
MD
LG