Линкови за пристапност

Претседателот Буш – здрав како дрен


Редовниот систематски преглед на американскиот претседател покажа дека во добра физичка форма да ја врши функцијата. Групата лекари задолжена за систематските прегледи на 59-годишниот претседател вели дека тој се наоѓа во одлична физичка кондиција за свои години, со мошне мал ризик од срцево заболување. Од последниот систематски преглед во декември минатата година, претседателот Буш загубил четири килограми, но со тоа само се вратил на својата нормална тежина, бидејќи за време на кампањата за претседателските избори, како што самиот признава, јадел премногу крофни.

Претседателот е висок еден метар и осумдесет сантиметри, а тежок осумдесет и шест килограми. Тој има мал процент на масно ткиво - 16, уште помал од износот измерен на претходниот преглед – 18. Слухот на претседателот Буш натамошно слабее, но благо и нормално за неговата возраст. Тој не пие алкохол а само понекогаш ужива во пура. Лекарите препорачуваат претседателот Буш да внимава да не биде изложен предолго на силно сонце, да избегнува масна храна и да внимава на холестерол, да продолжи со редовни физички вежби и да ја задржи сегашната телесна тежина.

Во официјалните кругови во Вашингтон претседателот Буш е познат по својата добра физичка кондиција, толку добра што, како што пишуваат медиумите, понекогаш при џогингот дури и неговото обезбедување му гледало во грбот. Тој вежба секојдневно. Поради болки во коленото, Џорџ Буш мораше да се откаже од редовниот џогинг, но затоа сега омилена активност му е возење велосипед по планински терени.

XS
SM
MD
LG