Линкови за пристапност

НАСА призна дефект на Дискавери


НАСА вели дека откаченото парче изолација од надворешниот резервоар за гориво на спејс шатлот Дискавери, можно е да го погодило крилото при полетувањето во вторникот. Заменик администраторот на програмата Вејн Хеил изјави дека парчето е едно од трите што се откачиле при лансирањето и оти притоа не е причинета значителна штета, ако и воопшто постои таква. Истото се случи и пред две ипол години, кога парче изолација откорнато при лансирањето, го погоди шатлот Колумбија, и поради оштетување, леталото се распарчи при враќањето во земјината атмосфера, при што загинаа сите седум членови на екипажот.

XS
SM
MD
LG