Иранскиот претседател во оставка Мохамед Катами вели дека неговата влада ќе продолжи со одредени клучни нуклеарни активности, без оглед на предлогот на европските дипломати планиран за наредниот месец за решавање на спорот околу нуклеарната програма на Техеран. Г-динот Катами денеска изјави дека Техеран ќе продолжи со конверзијата на ураниумот, при што минералот се претвора во гас што би помогнал за процесот на негово збогатување. Вашингтон го обвинува Иран за обид да го збогати гасот за да добие материјал што може да се употреби за производство на боеви глави. Техеран ги порекнува обвинувањата, но под меѓународен притисок, властите ја суспендираа конверзијата и збогатувањето на материјалите кон крајот на минатата година. Британија, Франција и Германија сакаат Техеран перманентно да ја замрзне својата програма за збогатување на ураниумот, во замена за економски отстапки. Обете страни треба повторно да се сретнат на почетокот на август.