Британските тв-мрежи јавуваат дека осомничениот за минатонеделните бомбашки напади во Лондон, можно е да се наоѓа меѓу петммината уапсени во три одвоени операции. Според извештаите, полицијата верува дека се работи за лицето Јасин Хасан Омар, уапсено денеска во Бирминген. Засега полицијата одбива да го потврди неговиот идентитет. Во овој град, во одвоена рација, се уапсени три други лица. Полицијата уште кажа дека денеска уапсила лице на аеродромот Лутон, северно од Лондон, додека се подготвувал за летот за францускиот град Нимс.