Линкови за пристапност

Ал-Каида – Убиени двајцата киднапирани алжирски дипломати


Ал Каида, терористичката група на Абу Мусаб Ал-Заркави во Ирак, во соопштение објавено на Интернет, тврди дека ги убила двајцата киднапирани алжирски дипломати. Алжирскиот шеф на мисија Али Беларуси и военото аташе Азедин Белкади беа киднапирани во Багдад во четвртокот. Ал Каида во Ирак вчера објави видео лента на која може да се види како двете лица се со заврзани очи и се идентификуваат себеси. Денешното соопштение за нивното убиство не беше придружено со видео материјал или фотографија.

XS
SM
MD
LG