Линкови за пристапност

Рамсфелд во ненајавена посета на Багдад


Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд денеска беше во ненајавена посета на Багдад повикувајќи го тамошното раководство да го комплетира и одобри новиот устав до зададениот рок на 15 август. На заедничката прес-конференција со ирачкиот премиер Ибрахим Ал Џафари, Рамсфелд порача да избегнат секакви можни одолжувања во однос на уставот. Џафари повика на брзо повлекување на американските трупи, но додаде дека никој не се залага тоа да се случи одненадеж. Генералот Џорџ Кејси, висок американски командант во Ирак, изјави дека значително повлекување на американските трупи можно е да започне наредната година доколку продолжи политичкиот напредок и доколку нема зголемување на бројот на бунтовничките напади.

XS
SM
MD
LG