Линкови за пристапност

Успешно лансиран шатлот Дискавери


Американските астронаути пред малку успешно полетаа со спејс-шатлот Дискавери. Претходно, сите подготовки беа успешно финиширани. НАСА соопшти дека го отстранила проблемот со сензорот за гориво, што беше причина за откажување на претходно лансирање на Дискавери на 13-ти јули. Пред да биде лансиран шатлот, официјални лица од Центарот Кенеди во Флорида, соопштија дека процедурата за полетување ќе зависи од временските услови и техничките прашања. Мисијата со Дискавери е прво лансирање од американско тло, по несреќата со шатлот Колумбија во февруари, 2003-та. Дискавери треба да остане во вселената 12 дена и да однесе намирници за Меѓународната вселенска станица.

XS
SM
MD
LG