Линкови за пристапност

Американски патнички авион – пренасочен


Летот Јунајтед Ерлајнс од Лос Анѓелес за Лондон беше пренасочен кон Бостон, откако екипажот на авионот информираше дека тројца патници се однесуваат сомнително. Портпаролот на Јунајтед Ерлајнс, соопшти дека летот 934 слетал на бостонскиот аеродром Логан поради „предострожни мерки“. Новинските извештаи пренесоа дека тројцата патници биле испрашувани од властите и ослободени без да биде покренато обвинение против нив. Полицијата детално го пребара целиот авион. Подоцна, авионот го продолжи летот кон Лондон.

XS
SM
MD
LG