Линкови за пристапност

Северна Кореја – преговори


Северна Кореја соопшти дека е подготвена да работи на отстранување на сето нуклеарно оружје од корејскиот полуостров.

Оваа оценка уследи паралелно со шест-партитните разговори за нуклеарно разоружување, кои започнаа во Пекинг, по пауза од повеќе од една година. Шефот на американскиот преговарачки тим, Кристофер Хил, го повтори уверувањето на Вашингтон дека апсолутно нема намера да ја нападне Северна Кореја. Пјонгјанг претходно побара помош и безбедносни гаранции од Вашингтон во замена да се откаже од нуклеарното оружје. По отворената сесија, северно-корејските и американските делегати се сретнаа на разговори очи во очи. Тоа е втора таква сесија во два дена. Некои аналитичари сметаат дека одделните американско-северно-корејски разговори може да претставуваат знак дека има подобрување на атмосферата во преговорите.

XS
SM
MD
LG