Линкови за пристапност

Британија – истрага


Британската полиција соопшти дека двајцата осомничени од минатонеделните неуспешни бомбашки напади во Лондон се имигранти од Сомалија и Еритреја.

Властите соопштија дека лицето од Еритреја е натурализиран британски граѓанин, а лицето од Сомалија било легално во Британија. Тие соопштија дека обајцата живееле во Британија повеќе од 10 години. Тие се меѓу најмалку четворицата осомничени кои стојат зад неуспешните бомбашки напади. Денеска британскиот премиер Тони Блер истакна дека светот мора да сопре да им дозволува на терористите да користат било кое прашање или кауза како средство за оправдување на нивните напади. На 7-ми јули, 4-ца бомбаши-самоубијци се разнесоа во три метро-вагони и во еден автобус во Лондон, убивајќи 52 лица.

XS
SM
MD
LG