Линкови за пристапност

Британија – истрага за терористичките напади


Британската полиција идентификуваше двајца осомничени за неуспешните напади во системот на јавниот превоз во Лондон минатиот четврток.

Полицијата вели дека 24-годишниот Јасин Хасан Омар и 27-годишниот Муктар Саид Ибрахим, исто така познат како Муктар Мухамед Саид, се двајца од четворицата бомбаши, а објави и фотографии на сите четворица осомничени. Полицијата верува дека постои и петти напаѓач кој најверојатно се откажал во последен момент и ја оставил бомбата пронајдена во саботата, која како и бомбите на четворицата останати, била сместена во пластичен контејнер за храна. Премиерот Тони Блер денес изјави дека Британија искрено жали за петочното убиство на Бразилец за кого полицијата по грешка сметала дека е терорист. По тој повод, бразилскиот министер за надворешни работи Селсо Амориум денес во Лондон закажа средба со британскиот колега Џек Строу.

XS
SM
MD
LG