Линкови за пристапност

Ирак


Арапските сунити од комисијата што го изготвува новиот ирачки устав, го прекинаа бојкотот откако минатата недела беше извршен атентат врз двајца нивни колеги.

Членот на комисијата Салех Ал Мутлак изјави дека сите 12 сунити - членови на комисијата, ќе се вратат на работа утре. Процесот на изработка на текстот на уставот треба да заврши до 15-ти август, но доколку Комисијата не може го испочитува рокот, таа треба до 1-ви август да побара негово продолжување за шест месеци. Во меѓувреме, во два напада со автомобили бомби врз полициски контролни пунктови во Багдад, загинале најмалку осум, а повредени се 17 лица.

XS
SM
MD
LG