Линкови за пристапност

Зголемени безбедносни мерки во САД


Видливо е зголемено полициско присуство во и околу метроата и автобуските станици во поголемите градови, вклучувајќи го Бостон, Њујорк и Вашигтон. Њујоршката полиција започна со принципот на случаен избор во метрото да ги прегледува торбите на патниците.

Индивидуалците кои ќе одбијат да ги отворат торбите, нема да им биде дозволено да се возат со јавниот превоз. Градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг, го нарече прегледувањето на торбите на патниците како малку непријатно, но неопходно. Полицискиот комесар Рејмонд Кели изјави дека полицијата нема да ги прегледува торбите на патниците според етничкото потекло.

XS
SM
MD
LG