Линкови за пристапност

Зголемена безбедноста на дипломатско-конзуларните претставништва во Скопје


По терористичките напади во Лондон зголемена е безбедноста на сите дипломатско- конзуларните претставништва во Македонија.

„Нашите планови за вакви случаи се ставени во прв степен во функција на безбедност на витални објекти, личности и слично, изјави директорот на Бирото за јавна безбедност Цане Чапрагоски.

Британскиот амбасадор во Македонија, Роберт Чатертон Диксон денеска не сакаше да соопшти дали од централата во Лондон добиле специфични директиви во однос на безбедноста на дипломатското претставништво во Скопје. Амбасадорот Диксон потврди дека безбедноста на Британската амбасада во Скопје е од големо значење, бидејќи Македонија е членка на антитерористичката коалиција.
XS
SM
MD
LG