Линкови за пристапност

Зголемени безбедносните мерки во Вашингтон


Американскиот секретар за домашна безбедност Мајкл Чертоф соопшти дека по директива на претседателот се преземат сите неопходни мерки за зголемување на безбедноста на транспортниот систем и на граѓаните кои го користат.

Корисниците на јавниот превоз во Вашингтон велат дека е забележливо зголеменото обезбедување и во најголем дел се чувствуваат сигурно.

„Се чувствувам адекватно заштитена. Тоа не е нешто што ќе ме запре да се возам“, вели една патничка.

Рејмонд Тантер, професор по безбедносни студии на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон вели дека патниците можно е да се повеќе загрижени отколку што се свесни за тоа.

„Има милиони можни цели во САД, можеби 500.000 или 600.000 во Велика Британија. Јавниот превоз е еден од начините за соборување на индустријализираните демократии кои се темелат на меѓузависност, на комуникација, патувања и слично“, вели тој.

AMTRAK, американската национална железница, постави обезбедување на сите возови и побара од вработените да бидат особено претпазливи за потенцијални закани.
XS
SM
MD
LG