Линкови за пристапност

Г-8 вети продолжување на борбата против тероризмот


Лидерите на седумте најразвиени индуструски земји во светот плус Русија, кој се собраа на разговори за мирољубиви цели, беа засенети од крвавото насилство.


Членовите на Групата 8 допатуваа во Глениглс подготвени на разговори околу климатските промени и помошта за Африка.

Наместо тоа, тие се најдоа во ситуација повторно да реагираат на насилството и да гледаат крвави фотографии од Лондон.

Додека се подготвуваа за заедничкиот работен ручек, лидерите на Г-8 застанаа зад британскиот премиер Тони Блер.

Сите застанаа заедно пред фото-репортерите. Претседателот Буш застана од едната, а францускиот шеф на државата Ширак од другата страна на британскиот лидер. Премиерот Тони Блер се обрати во името на сите:


„Остро ги осудуваме овие варварски напади. Испративме искрени сочуувства на семејствата на загинатите. Сите нашите земји страдаат од тероризам. Одговорните за ваквите акти немаат почит за човечкиот живот.“


Малку подоцна, премиерот Блер замина за Лондон – неговиот хеликоптер полета од тревникот во Глениглс, Шкотска.


Тој рече дека ќе се врати истиот ден, да им помогне на лидерите на Г-8 да ја завршта важната работа. Тој подвлече дека средбите продолжуваат и покрај неговото отсуство.


Но, расположението и атмосферата се промени. Имаше првичен шок, па жал и на крајот решителност. Околу Глениглс, официјални лица, новинарите, па дури и луѓето кои сервираат храна на малите екрани ги следеа последните информации од Лондон.


Учесниците на Г-8 ја прекинаа работата на 45 минути за да се консултураат со големите сојузници. Претседателот Буш зборуваше за контрастот меѓу политичарите во Глениглс и оние кои ги подметнаа експлозиите во Лондон:


„Од една страна, имаме луѓе кои тука дојдоа да разговараат за намалување на сиромаштијата и епидемијата со СИДА, за изнаоѓање начин да се дојде до почиста животна средина. Од друга страна, имаме луѓе кои убија невини лица. Контрастот е меѓу оние како нас кои се грижат за човековите права и човековата слобода и оние кои убиваат.“


Претседателот истакна дека САД и сојузниците нема да потклекнат пред терористите. И пораката на премиерот Блер беше куса: „Ние ќе победиме, а не тие“.

XS
SM
MD
LG