Дебатата започна веднаш. Истовремено, политичките реклами, и од конзервативни, и од либерални групи, ја преплавија телевизијата:
Некои демократи се против која и да е номинација за Врховниот суд.
Дали Џорџ Буш ќе избере екстремист?
Демократите во Сенатската правосудна комисија го повикаа претседателот Буш да не номинира конзервативец како замена на О’Конор. Сенаторот Џозеф Бајден за телевизијата Си-Би-Ес изјави:
„Последното што ни е потребно во земјава е поголемо идеолошко пуританство. Ова е шанса за претседателот да го заживее својот втор мандат и шанса да се врати во игра“.
Републиканскиот сенатор Арлен Спектер, кој претседава со комисијата што ќе го потврди новиот судија, бара да се смири ситуацијата.
„Сметам дека дента кога судиката О’Конор замина од функцијата, на претседателот не му преостана ништо друго освен да направи помирувачки чекор повикувајќи ги обете страни да го намалат реторичкиот тон“.
Демократскиот сенатор Патрик Лихи со слично мислење:
„Би ги повикал групите и од лево и од десно да се смират. Да видиме кој ќе биде номиниран и да и́ веруваме на комисијата дека ќе одржи добар распит за кандидатурата“.
Се очекува претседателот Буш да соопшти кого има намера да кандидира по враќањето од Самитот на Групата 8 најразвиени индустриски земји во Шкотска.