Линкови за пристапност

Буш – САД помагаат во борба против СИДА-та во Африка


САД даваат важен придонес во борбата против СИДА-та во Африка. Ова го изјави американскиот претседател во специјалната изјава дадена за Гласот на Америка.


Во двеиполминутната порака американскиот претседател кажа дека главен приоритет за САД во Африка е да се спречи пандемијата на СИДА во областите под Сахара.

„САД помогнаа да се основа Глобалниот фонд против СИДА-та, туберкулозата и маларијата, во кој учествуваме со околу една третина. Пред две години објавив Итен план за отстранување на последиците од СИДА-та – најголемата здравствена иницијатива за борба против некоја болест воопшто“.

Напорите дале плод, вели претседателот.

„Во март оваа година, благодарние на планот, преку 230 илјади Африканци во областите под Сахара добија итно неопходен лекарски третман, со што ги натфрливме целите зацртани во 2004-та. На добар пат сме и да ја исполниме целта до крајот на 2008-ма да обезбедиме третман за 2 милиони Африканци – третман што спасува човечки животи“.

Но, еден критичар на владините напори не е импресиониран.

„Не слушнав ништо ново“.

Бил Флечер е на чело на интересната група Транс-Африка Форум, и вели дека има јаз меѓу големите цели на претседателот Буш и колку пари досега се потрошени за нивно остварување.

„Владата посекако даде јака вербална заложба за борба против СИДА-та, а даде и некои финансиски средства, но не колку што вети. Исполнувањето на ветувањето, во најмала рака, е проблематично“.

Бил Флечер бара САД не само да обезбедат средства, туку и да не се противат на производството и употребата на поефитни, генерички противвирусни лекарства во Африка, како и да размислат за забраната да се дистрибуираат кондоми.

Американската влада, пак, возвраќа со тоа што го наведува примерот на Уганда, каде стапката на заразување со вирусот ХИВ во последниве неколку години се намали за две третини, со тоа што владата промовира сексуална апстиненција и брачна верност наместо дистрибуирање на кондоми.

XS
SM
MD
LG