Линкови за пристапност

Претседателот Буш денеска заминува за Европа, на Самитот на Групата 8 индустриски најразвиени земји што се одржува во Шкотска.


Помошта за Африка ќе биде главна тема на оводишниот собир што започнува утре.

Претседателот Буш вели дека главен приоритет за САД во Африка е запирањето на СИДА-та. Во синоќешната изјава за Гласот на Америка, тој рече дека итниот план за Африка што го објави пред нешто повеќе од две години им помага на два милиони Африканци да добијат нужно неопходен лекарски третман до крајот на 2008-ма година.

Пред Шкотска, Буш ќе ја посети и Данска. Данските власти го зголемија нивото на безбедност поради очекуваните протести. Данската полиција денес пресретна два сомнителни пакета што пристигнаа во американската амбасада.
XS
SM
MD
LG