Линкови за пристапност

Успешен „удар“ во кометата


Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека вселенската сонда „Дип импакт“ директно удрила во кометата Темпл еден, предизвикувајќи огромна експлозија.

Сондата - мал, но тежок склоп на инструменти, комуникациска опрема и камери, беше испуштена од главното вселенско возило – својот носач, непосредно пред да удри во кометата рано утрово.

Научниците на НАСА велат дека возилото-носач испратило извонредни фотографии од ударот. Целта на проектот е да се открие составот на кометата. Научниците сметаат дека небесните тела од овој вид го кријат одговорот на прашањето како настанал Сончевиот систем.

XS
SM
MD
LG