Линкови за пристапност

Американски конгресмени ги посетија притворениците во Гвантамо


Американските пратеници кои го посетија затворот велат дека условите се подобрени. Конгресменот на чело на делегацијата, Данкан Хантер, коментираше - „притвор од светска класа“ со првокласна здравствена нега за притворениците.

Не само што добро ги хранат, туку добиваат и првокласна здравствена нега во споредба со онаа во САД. Лекар ги посетува 4 пати месечно, за разлика од Американецот, кој во просек оди на преглед 3,7 пати годишно.

Во притворот Гвантамо се наоѓаат 250 притвореници фатени во војната против тероризмот. Неодамнешните тврдења за тортура, малтретирање, како и сквернавење на Коранот резултираа во барања за негово затворање.

Активистите за човекови права, како Мајкл Ратнер од Центарот за уставни права тврдат дека владата не смее да ги држи притворените бесконечно - или да поднесе обвиненија против нив, или во спротивно да ги ослободи.

Нашиот став не е само да се затвори Гвантанамо, туку секој притворен од американските власти да има право на загарантиран законски процес.

Бригадниот генерал Џеј Худ, кој раководи со Гвантанамо одвраќа – на притворениците написмено им е доставена информација за нивните права и тврди дека продолжениот притвор е оправдан.

Информациите што ги добивме од притворениците директно ни помогнаа да осознаеме како терористичките организации регрутираат поединци, како обучуваат, перат пари и планираат операции.

И додека активистите за човекови права велат дека жртва на војната против тероризмот е самата слобода, поддржувачите на продолжениот притвор тврдат - тоа е неопходно за победа во војната.

XS
SM
MD
LG