Линкови за пристапност

Нов началник на Генералштабот на АРМ


Генерал мајорот Мирослав Стојановски ќе биде новиот началник на Генералштабот на Македонската армија. Ова вчера, по многу шпекулации во јавноста го потврди Кабинетот на претседателот на државата и врховен командат.

В среда, на 6 јули, претседателто Бранко Црвенковски ќе го потпише указот за пензионирање на досегашниот началник Ѓорѓи Бојаџиев.

Смената на генералот Бојаџиев беше најавена со откажувањето на вчерашната посета на началникот на словенечката армија. Според образложението, таа се откажува поради кадровски смени во Генералштабот на АРМ. Од Кабинетот ан претседателот најавуваат дека смената ќе се изврши по планираните посети на италијанскиот и словенечкиот началник, и како што се наведува, е резултат на

исполнувањето на условите за пензионирање од страна на генерал- мајорот Бојаџиев.

54 -годишниот Бојаџиев ќе биде сменет порано од од најавите за негово повлекување на крајот на годината. Ненадејната одлука беше причина за ваквата реакција на пратеникот Спиро Мавровски во македонскиот Парламент.

Кои се причините за толку важна одлука, како што е промена на началникот на ГШ, се разбира освен личните, ако навистиона ги има, за да нема шпекулации во македонската јавност и во АРМ, за нив треба да се проговори и да се запознае македонската јавност, а не одлуката да ја носиме некаде на концерт.

Од Министерството за одбрана со одговор:

Именувањето и разрешувањето на геренали е во надлежност на претседателот на државата и никако во надлежност на министерот односно Министерството за одбрана. А според наштата персонална евиденција, која е должност и обврска на Министерството за одбрана, јасно се гледа дека г-динот Бојаџиев, досегашен НГШ ги исполнува условите за пензионирање, рече заменик-министерот за одбрана Татал Џафери.

Генерал-мајорот Ѓорѓи Бојаџиев на врвот на Македонската армија дојде во март минатата година, непосредно по загинувањето на претседателот Борис Трајковски, и тоа со потпис на вршителот на должноста претседател, спикерот на Парламентот Љупчо Јордановски, како аманет од починатиот Трајковски. Наводно, генералот Бојаџиев бил изборот на Трајковски. Указот за неговото назначување наводно бил потпишан од страна на претседателот Трајковски, но или бил уништен во авионската несреќа кај Мостар или бил зафрлен во неговите списи во Кабинетот, беше тогашното објаснување.

XS
SM
MD
LG