Линкови за пристапност

Конференција на АЛДЕ во Скопје: Поддршка за интегрирањето на Македонија во ЕУ


Европа веќе не може да ги игнорира проевропските нации кои живеат во овој дел на континентот и кои се нејзин фактички дел, смета Грем Вотсон, лидер на Алијансата на европските либерал-демократи во Европскиот парламент, кој заедно со неговите колеги, во Скопје го одржаа состанокот на Бирото на АЛДЕ.

Мојата група е цврсто уверена дека европското обединување нема да биде завршено се додека не ги обединиме и 20-те милиони европски сограѓани од регионот на Западен Балкан.

Според г-динот Вотсон, противниците на проширувањето на Унијата се непријатели на европското обединување. Но, за лидерот на макеоднските либерали Стојан Андов, доколку Македонија не успее до крајот на годината да ја добие кандидатурата за членство во ЕУ, вината ќе биде на актуелната власта, поради тоа што не соработува со опиозицијата на планот на евроинтегрирањето.

Ако не успееме да станеме кандидат, не треба толку вината да ја фрлиме на гласачите во Франција, на рефрендумот. Туку на нашата овдешна несмасност и нашата недоволна енергија да одговориме на обврските на време.

Дека поддршката на Македонија не е само декларативна, евролибералите покажуваат и со тоа што средбата на нивните 18 пратеници, за првпат досега, ја одржаа надвор од границите на Унијата, и тоа токму во Македонија. Иако таа не е земја членка на ЕУ, нивното образложение е дека Македонија како идна членка го заслужува нивниот избор и оти тоа е најдобриот начин за лобирање меѓу нивните колеги за проширување на Унијата.

Тоа за нас значи потврда, институционална потврда на огромната поддршка која од нашите пријатели ја добиваме низ ЕУ, рече лидерот на ЛДП, Ристо Пенов.

А г-динот Вотсон тоа и го потврди:

Јас дури се обидувам колку што можам да зборувам на вашиот јазик, иден официјален јазик на ЕУ.

XS
SM
MD
LG