Линкови за пристапност

Започна расправата за употреба на симболите


За само пет минути колку што траеше излагањето на заменик-министерот за правда Супхи Јакупи за потребата од ваков закон, по барање на пратеничката група на ВМРО Народна, пратениците заминаа на пауза.

„Барам пауза во разумен рок за да го добиеме стенограмот од излагањето, или ако веќе сакате, за намерно да го одложиме донесувањето наовој закон, кога е веќе извесно дека ќе биде изгласан“, рече Чедомир Краљевски.

Сикерот Љупчо Јордановски одговори:

- Да го одолговлечете? Кој признава половина му се простува, така ли беше?

Законот се донесува со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припажаат на заедниците кои не се мнозинство во РМ, или познато како Бадентерово мнозинство.

Според предлогот, во 16 македонски општини покрај државното ќе се вее и знамето на албанската заедница, во две на турската и во една на ромската.

„Ако прашањето или дилемата за тоа дали е потребен посебен закон за употреба на симболите на припадниците на заедниците во РМ постоеше до 2001 година, Охридскиот рамковен договор стави крај на таа дилема, рече во образложението заменик -министерот Јакупи.

-РМ со донесувањето на овој закон, уше еднаш, како и многу пати до сега, ќе потврди дека умее да се издигне над дневно политичките настани. Овој закон не треба да се сфати како нешто што е на штета на државноста и сувереноста на РМ, бидејќи не е на штета на државното знаме. Секогаш прво ќе се истакнува државното знаме на РМ, а потоа знамето на припадниците на заедниците, рече тој.

Досега се поднесени повеќе десетици амандмани на владиниот текст од речиси сите партии, а најмногу од опозиционите, но и од ЛДП и од ДУИ. Според најавите, се очекува долга парламентарна расправа.

XS
SM
MD
LG