Линкови за пристапност

Ирак – нови насилства


Бомбашот со возило натоварено со експлозив удрил во конвојот во кој се наоѓал Дари Ал-Фајад, член на владејачката алијанса во која доминираат шиитите, и најстар член на Ирачкиот парламент.

Во експлозија на автомобил-бомба близу армиска база во местото Балад загинал еден американски војник. Во градот Киркјук, на север на земјата, експлодирала автомобил-бомба во близина на полициски конвој, при што загинале две лица.

Над 1.000 американски и ирачки војници започнаа нова офанзива против бунтовниците долж долината на реката Еуфрат во западен Ирак. Американските и ирачките сили деновиве изведоа неколку операции во регионот со цел да го попречат тамошното бунтовништво.

XS
SM
MD
LG