Линкови за пристапност

Буш ќе има обраќање за Ирак


Соработниците на претседателот најавуваат дека тој ќе ја акцентира потребата од трпеливост во време кога Ирак се движи кон демократија. Тие велат дека претседателот ќе уважи оти продолжителното насилство фрлило сенка врз, како што велат, подобрувањето на политичката клима во Ирак. Обраќањето паѓа на првата годишнина од американското предавање на суверенитот на Ирак во раце на ирачките власти.

Обраќањето на претседателот Буш од армиска база во федералната држава Северна Каролина паѓа во време на нестабилна јавна поддршка за војната.

Истражувањето на Вашингтон Пост и Еј-Би-Си, објавено денеска, покажува дека Американците се се́ поскептични во врска со владините тврдења дека бунтовништвото во Ирак слабее. Авторите на анкетата велат дека 56% од испитаниците се против начинот на кој претседателот Буш се справува со војната во Ирак. Сепак, мнозинство испитаници е за тоа американските сили да останат во Ирак на продолжен период, се́ додека земјата не се стабилизира.

XS
SM
MD
LG