Линкови за пристапност

ПОРАЗУВАЊЕ НА ТЕРОРИСТИТЕ ВО ИРАК


УРЕДНИЧКИ КОМЕНТАР

Уредничкиот коментар одразува ставови на Владата на САД

ПОРАЗУВАЊЕ НА ТЕРОРИСТИТЕ ВО ИРАК

Странските терористи и натаму целат на ирачки цивили, владини претставници, безбедносните сили и силите на коалицијата. Американски и ирачки претставници нагласија дека ирачките соседи - а особено Сирија - имаат одговорност да спречат терористите да ги користат нивните територии.

„Додека нејзините соседи ја прифаќаат демократијата и политичките реформи, Сирија продолжува да дава засолниште или пак отворено да поддржува групи посветени на насилството“, вели американскиот државен секретар Кондолиза Рајс. Време е – додава таа – Сирија да направи стратешки избор и да се приклучи на напредокот што се случува околу неа.

Американскиот генерал Џон Вајнс командува со коалиционите сили во Ирак. Генерал Вајнс вели дека терористите кои минуваат низ Сирија доаѓаат од многу земји, меѓу кои Судан, Јемен, Саудиска Арабија и Египет:

„Дознаваме дека има парична вредност за нападите против коалицијата. Во некои случаи, некому се плаќа така ситна сума како што се 150 долари за да постави импровизирана експлозивна направа, можеби мина, или пак две-три артилериски гранати во дупка поврзани со детонатор на далечина“.

Ирачката влада работи на подобрување на готовноста на ирачките безбедносни сили. „Колку повеќе ги изградуваме силите... и преземаме поголема одговорнст, толку помала улога ќе имаат мултинационалните сили во Ирак“, вели ирачкиот министер за надворешни работи Хошјар Зебари:

„Ако дојде до некакво повлекување на коалиционите сили, да речеме во 2006-та година, мислам дека треба да се подразбере дека до тогаш нашите сили ќе имаат поголема готовност, ќе бидат поопремени и пообучени. На теренот веќе голем дел од одговорностите постепено се префрлаат - од меѓународните сили, на ирачките единици“.

Портпаролот на Белата куќа Скот Меклилан вели дека бутовниците и странските терористи во Ирак имаат намера само да уништуваат:

„Тие навистина немаат визија. Нивната единствена алтернатива е хаос, деструкција и убивање на недолжни цивили“.

Терористите „не успеаа да го запрат напредокот на ирачкиот народ на политички план“, вели портпаролот Меклилан.

Воено, пак - тие ќе бидат поразени.

Уредничкиот коментар одразува ставови на Владата на САД. Коментарите во оригинал на англиски можете да ги најдете на www.voanews.com/editorials.
XS
SM
MD
LG