Линкови за пристапност

САД - Ирак


Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд вели дека сопствените сили на Ирак - не странските сили, на крајот ќе ги потиснат бунтовниците од земјата. Тој исто така потврди дека американски претставници водат разговори со различни групи бунтовници, но не и со најнасилните.

Текст: Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд вели дека сопствените сили на Ирак - не странските сили, на крајот ќе ги потиснат бунтовниците од земјата.

На неколку американски телевизии во неделата, првиот човек на американската одбрана кажа дека ќе биде создадена атмосфера Ирачаните да можат сами да го поразат бунтовништвото, за што тој рече дека би можело да трае – било кој број години.

Во други интервјуа, командантот на американските сили во Ирак, генералот Џон Абизајд кажа дека на ирачките сили долго време ќе им биде потребна поддршка од коалицијата. Но, тој верува дека на почетокот на следната година, Ирак би можел да ја презема главната улога во борбата против бунтовниците.

Секретарот Рамсфелд исто така кажа дека ирачки и американски претставници водат разговори со различни групи бунтовници, но не и со најнасилните. Запрашан за извештајот во лондонски Сандеј Тајмс во кој се вели дека американски претставници се сретнале со бунтовници, тој кажа – такви средби има цело време.

XS
SM
MD
LG