Линкови за пристапност

Политика за поттикнување на наталитетот кај Македонците


Експертите заклучија- кај Македонците, Србите и Власите наталитетот стои во место, а кај Ромите, Албанците и Турците расте.

-Еклатантен пример за таква репопулација е Пелагонискиот регион. За разлика од него, Полошкиот е повитален со помлада структура и нормално, каде што имате доминантно учество на албанската, ромската и на некој, начин турската популација, кои се карактеризираат со се уште повиски стапки на наталитет и фертилитет, вели Славе Ристовски професор на Економскиот факултет во Скопје.

Врз наталитетот влијаат повеќе фактори-традицијата, економската ситуација и образованието.

-Лицата со повисок степен на образование се изјаснуваат за едно до едвај две деца, додека со пониско образование, основно и незавршено имаме натпросечно изјаснување со четири и повеќе деца, истакнува Катерина Ношпаловска од ИСППИ.

Демографијата во Македонија преоѓа во политика и се доведува во прашање унитарниот карактер на државата, смета социологот Илија Ацевски. Ова е неговиот предлог

-Во овој контекс треба сериозно да се размислува по примерот на Охридскиот договор да се потпише демографски договор што е неизбежно за Македонија, особено кога се работи за важно стратешко прашање за опстанокот на унитарниот карактер на државата.

Тоа го нема ни во Кина, му одговара професорот на Универзитот на ЈИЕ, Абдулменаф Беџети.

-Јас не верувам дека има потреба од посебна регулација. Не знам некој модел во светот, па дури ни во една Кина во која експлодира, нели растот на популацијата, па не навлегува во такви регулативни мерки во смисла на државна политика, односно државна интервенција во таа област.

Експерите констатираа и дека Македонија е единствената европска земја која не се грижи за своето население.

XS
SM
MD
LG