Линкови за пристапност

Формиран комитет на земјите сукцесори на СФРЈ


-Депозитетите во мешовитите банки за кои имаме еден сериозен, комплексен процес на утврдување колкава е таа состојба, што денеска имаме на располагање и што може да биде предмет на поделба. Распределбата на, да кажеме, дипломатските претставништва, користењето на архивите и документацијата кои што ја определуваат состојбата, изјави по средбата вицепремиерот и координатор на македонската страна во преговорите за сукцесија Минчо Јорданов.

Засега е решена само поделбата на златото, и тоа на минатомесечниот состанок во Скопје. Македонија во скоро време очекува на нејзината сметка да легнат 8 и пол милиони долари или 7,5 проценти.

Најтешко ќе оди со решавањето на проблемот на побарувањата во однос на старото девизно штедење, вели вицегуверенрот во НБМ, Душанка Христова која е член на новиот Постојан Комитет за мониторинг. Тој ќе се решава на состанокот во Љубљана во септември.

Македонија ги обештети граѓаните, така што добиените средства ќе бидат исклучиво на сметка на државата. Најтешкиот проблем се решава со посредство на меѓународната заедница и банката во Базел.

XS
SM
MD
LG