Линкови за пристапност

Манасиевски – Рамсфелд: Пентагон задоволен од темпото на спроведување на реформите во македонската одбрана 


Македонскиот министер за одбрана Јован Манасиевски во Пентагон и во Стејт департметот во Вашингтон ја најави интензивната кампања на македонската влада за лобирање за добивање покана за членство во НАТО на наредниот самит.

Целта на разговорите на министерот за одбрана Јован Манасиевски со официјални американски лица кои ја креираат политиката на НАТО на проширувањето, е да се информираат за безбедносните реформи што ги презема Македонија. Секретарот за одбрана Доналд Рамсфелд е задоволен од досегашното спроведување на реформите во одбраната во изминатите шест месеци, од неговата послeдна посета во Скопје:

Манасиевски најави дека шефот на дипломатијата Митрева на средината од јуни ќе престојува во Вашингтон, при што ќе го изложи ставот на македонската влада за одбележување на северната границата во делот на Косово, пред започнувањето на разговорите за конечниот статус на покраината. Во септември во САД доаѓа премиерот Бучковски. Според Манасиевски, Македонија планира како што е присутна во Брисел да биде и во Вашингтон.

Позициите на САД и Македонија се поклопуваат околу идниот статус на Косово, рече Манасиевски, осврнувaјќи се на акцентите од излагањето во Конгресот на државниот потсекретар Николас Брнс, на расправата за Косово.

На средбите во Стејт департментот исто така биле разменети мислења по прашања за добивање покана за членство во НАТО, за Гласот на Америка изјави првиот човек на македонската одбрана.

XS
SM
MD
LG