Линкови за пристапност

Бучковски за исходот од референдумот во Франција за европскиот устав


-Не мислам дека тоа директно ќе се одрази на нашите аспирации до крајот на оваа декада да бидеме дел од европското семејство. Туку напротив, ќе иницира нови и подраматични реформи во самата ЕУ. Така што не треба да бидеме ние загрижени,. Треба да биде загрижена ЕУ.

Неприфаќањето на европскиот устав од страна на Французите според експертите ќе доведе до затворање на земјите и свртување кон самите себе. Во тој случај, според премиерот Бучковски, Македонија треба да продолжи со своите евроинтеграциите и со внатрешните реформи.

-Ако Европејците работат на себе, да се свртиме кон себе и да го забрзаме она што треба да го направиме. Мислам дека паралелно ќе се одвиваат двата процеси. Според мое мислење, јас не би толкувал што кажуваат други експерти, ова нема да има директни импликации на нашите аспирации.

XS
SM
MD
LG