Линкови за пристапност

Македонија со 11 проекти ќе конкурира во програмите од претпристапната стратегија на ЕУ


Наскоро македонските студенти, граѓаните и невладиниот сектор ќе можат да конкурираат за средствата од европските програми на заедницата што се дел од претпристапната стратегија на земјите кои ги прилагодуваат стандардите кон европските.

-Програмите на заедниците се финансиираат преку генералниот буџет на ЕУ, каде што секоја држава која што сака да партиципира во програмата треба да учествува и со одредени средства. Во нашиот случај за 2005 и 2006 година имаме обезбедено вкупно 4 милиони евра, од кои 2 милиони за 2005 и 2 милиони за 2006, вели Драган Тилев државен советник во владиниот Сектор за евроинтеграции.

Згора на овие средства од програмата КАРДС, Владата издвојува и 20 милиони денари од сопствениот буџет.

11-те проекти се наменети за превенција на насилството врз жени и деца, за борба против социјалната исклучивост, за културна соработка, за пристап до глобалните информатички мрежи, за модернизација на железницата и унапредување на образованието и научните истражувања.

-Првите седум програми се за кои нема потреба од дефинирање, исполнување на дополнителни институционални предуслови. Значи тоа се програми кои се управувани директно од надлежниот Генерален директорат во Брисел. Програмите од образованието и младите, Леонардо да Винчи, Сократес и ЈУТ, тоа се програми каде што има потреба од формирање на посебна институција, која што ќе ги управува тие програми во Република Македонија, објаснува координаторот Јован Деспотовски.

Но сепак, главната добивка од овие фондови ќе биде поголемата институционална подготвеност на Македонија за полноправно членство ЕУ.

XS
SM
MD
LG