Линкови за пристапност

До крајот на годината, ирачките власти ќе ги поразат бунтовниците


Претседателот Буш призна дека бројот на жртви во Ирак е висок, но подвлече дека новата ирачката влада на крајот ќе извојува победа над бунтовниците.

Верувам дека ирачката влада ќе биде мошне подготвена да се справи со нив и наша работа е да и помогнеме во обуката за да може да го постигне тоа.

Тој кажа и дека Ирачаните соопштиле оти имаат на располагање 40.000 војници веќе обучени за овие активности и тоа го нарече мошне позитивен чекор.

Претседателот во позитивна смисла зборуваше и за шансите за дипломатско решение за контроверзата околу иранските нуклеарни амбиции, подвлекувајќи дека во таа смисла е постигнат напредок. Тој додаде и дека и натаму е убеден оти мултилатералниот пристап е најдобриот начин за справување со Северна Кореја.

На прес-конференцијата во Белата куќа, споредбата на американските затвори со затворски кампови слични со оние од времето на Советскиот сојуз, од страна на Амнести Интернешнал, Буш ја нарече „апсурдна“.

Ми се чини дека некои од нивните одлуки се донесени врз основа на зборовите и обвинувањата на притворените лица, на оние кои ја мразат Америка.

Иако повеќето од новинарските прашања се базираа на надворешната политика, претседателот прес-конференцијата ја отвори повикувајќи го Конгресот да ја усвои неговата домашна програма, а членовите на Сенатот ги повика да го одобрат неговиот предлог на функцијата американските амбасадор во ОН, да биде поставен Џон Болтон. Буш кажа дека Демократите употребуваат тактики на одложување на гласањето за оваа номинација.

XS
SM
MD
LG