Линкови за пристапност

Одбележување на светски ден против пушењето-анкета на РЗЗЗ


Пушењето е лоша навика, особено меѓу посиромашните граѓани. Ова е заклучокот од анкетата спроведена меѓу населението во Македонија, по повод утрешното одбележување на Светскиот ден за борба против пушењето.

Со овогодишната акција, лекарите со својот пример треба да покажат дека пушењето е скап отров. Анкетата на Републичкиот завод за здравствена заштита покажала дека речиси половина од населението се пушачи.

-Испитани се две илјади испитаници, 42,7 посто се изјасниле дека пушат редовно или повремено. Од нив 75 посто се редовни, 25 посто се повремени. 45,9 проценти се изјасниле дека не пушат. Возраста. Највисок процент 58 посто се од 35 до 54 години. 17,7 проценти се млади на возраст од 15 до 24 години. Загрижува фактот дека 33,3 посто се деца на 15 година возрат, вели директорот на Републичкиот завод за здравствена заштита Благоја Алексоски.

52 проценти од невработените, во анкетата се изјасниле дека се пушачи. Тоа дополнително го оптоварува и онака тенкиот домашен буџет, вели д-р Алексоски.

-Пушењето и сиромаштијата се поврзани. Сиромашните семејства за цигари трошат повеќе од 10 посто од домашниот буџет. Мислам дека тоа е уште повеќе.

Македонија има Закон за спречување на пушењето на јавни места, што требаше да започне да се применува на 1 јуни годинава. Но, поради необезбедување политички консензус, неговото спроведување е одложено за до крајот на годинава.

XS
SM
MD
LG