Линкови за пристапност

Професори, банкари и бизнисмени за владината економска програма


Контрадикторна, нејасна, полна со противречности и без конкретни рокови за реализација. Ова е оценката за владината економска програма од професори, банкари и бизнисмени. Најновиот обид на Владата за заживување на економијата не содржи ништо ново, мерките се стари и добро познати во теоријата, испробани во други земји. Ова е писмена работа, вели професорот на Факултетот за туризам Драгољуб Арсовски.

-Искрено имам чувство како да премиерот како да е сам зад оваа програма.

-Луѓето веќе не се палат на национални идеолошки и други пароли, сите тие работи се потрошени, што значи веќе треба да се мисли како Македонија да постигне некој развој, вели Ѓорѓи Јанчевски од Тутунска банка.

На програмата и недостасува оригиналност, смета Владимир Пешевски од СЕАФ Македонија. Нема цели, ниту рокови.

-На многу места се добива впечаток како да е економската ситуација под контрола на некој друг, а не на Владата. Така што има треба, треба, треба, а би сакал зборчето треба да го заменат со ќе. Значи ќе направат тоа, ќе направат тоа. Треба, да треба, но кога.

За бизнисмените, пак, програмата е премногу општа и не содржи конкретни проекти. Тие со критики - ќе немаат заштита, ќе недостасува свеж капитал, а проектот евро-обврзници нема да успее, ако парите се искористат за пополнување на буџетските долгови, а не за инвестиции.

-Кога ќе бидам една ваква програма јас би сакал таа да биде проследена со еден акционен план, во кој ќе има колона проблеми и тоа внатре, начин на решавање, вели Мирче Чекреџи од Фонко.

Владата вети структурни реформи, намалување на невработеноста, стабилност на цените и економски раст. На аналитичарите не им е јасно како ќе се воспостави баланс на овие четири пунктови. Предлозите од вчерашната трибина во организација на Сојузот на стопанските комори и весниците Капитал и Форум, ќе бидат доставени до Владата, за кои експертите сметаат дека треба да ги содржи економската програма.

XS
SM
MD
LG