Линкови за пристапност

Македонската дијаспора во САД одржа средба со Метју Нимиц


Лидерите на македонската дијаспора во Северна Америка, Глигор Ташковиќ од Њујорк, Методија Колоски од Вашингтон и Марк Опашинов од македонското движење за човекови права во Торонто, Канада на неодамнешната средба со специјалниот пратеник на ОН, Метју Нимиц, во седиштето на Светската организација во Њујорк му ги изнеле несогласувањта за последниот предлог - Република Македонија – Скопје, околу кој имаше остри реакции. Извештај на Јане Бојаџиевски.

Колоски не се согласува со мислењето на Нимиц во последното интервју на скопски „Дневник“, во кое вели дека Македонија треба да прифати грчка двојна формула. Да се користат две имиња според македонскиот Устав е неприфатливо,вели првиот човек на дијаспората.

Претставниците на македонската дијаспора му предочиле на господинот Нимиц дека според меѓународните норми, Република Македонија има право на само-определување, запишано во поглавјето на ОН. Тие истакнале дека Македонија нема ексклузивно право на името од географски, културолошки или историски аспект, но оти тоа право го нема ниту Грција. Челниците на македонската дијаспора во САД на медијаторот Нимиц му предочиле и дека Република Македонија не бара промена на името Македонија на северната грчка провинција.

Последниот предлогот на специјалниот пратеник на генралниот секретар на ОН, „Република Македонија – Скопј“ е навредлив, вели Колоски, и според него ги повредува чувствата на македонската заедница. Тој предлог, вели тој, може да отвори и врата, Атина да ги ословува етничките Македонци кои живеат во Македонија со „Скопјани“, што е неприфатливо.

Претставниците на македонската дијаспора сметаат дека дискусиите меѓу Македонија и Грција треба да се одвиваат само на полето на билатералната, меѓусебна, комуникациија. Тие не треба да влијаат врз меѓународното признавање на Република Македонија под уставното име, смета дијаспората.

Во САД, според последните проценки на дијаспората, живеат околу 500.000 Македонци, а во Канада - половина милион. Грчката дијаспора во Америка, брои три милиони жители.

XS
SM
MD
LG