Линкови за пристапност

САД продолжуваат со обидите за промени на Блискиот Исток


Во говор пред про-израелска лоби група американскиот државен секретар го повтори владиниот став - енергичо против иранската програма за нуклеарно оружје.

„Заедно со сојузниците работиме на тоа целосно да се обелоденат иранските напори за нуклеарно оружје. Светот не смее да го толерира иранскиот обид да дојде до нуклеарно оружје. Ниту пак може да ги толерира иранските обиди да врши субверзија на демократските влади преку тероризам“, изјави Рајс.

Таа кажа дека недемократски избраните лидери во Иран за доброто на својот народ треба да увидат дека на Блискиот Исток се случуваат реформи, и да го дозволат истото во својата земја.

Со сличен тон се обрати и првата дама на САД Лора Буш, која вчера престојуваше во Египет. Таа ја поздрави одлуката на египетскиот претседател Хосни Мубарак да отвори простор за реформи во законот за избор на претседател.

„Ме радува идејата за претседателски избори. Тој беше мошне смел и мудар што го презеде овој прв чекор“, рече Лора Буш.

Утре Египќаните на референдум ќе одлучат дали да се промени уставот односно правилата за избор на претседател, со што по првпат по долго време во земјата на претседателските избори би се пријавиле не еден, туку повеќе кандидати.

XS
SM
MD
LG