Линкови за пристапност

Нов американски план за Косово


Комисијата за меѓународни односи на Претставничкиот дом во американскиот Конгрес одржува распит на тема “Косово – сегашен и иден статус“, на кој државниот потсекретар за политички прашања Николас Бурнс треба да обелодени нов план за решавање на финалниот статус на Косово.

Вашингтон Пост во вчера објавен напис тврдеше дека на распитот потесекретарот Брнс ќе објави нов американски план за конечниот статус на Косово. Претставник на Стејт департментот за Гласот на Америка го потврди истото, додавајќи дека дека планот содржи неколку нови елементи, и дека намерата е да се даде нов динамизам во решавањето на прашањето во врска со статусот на Косово. Според претставникот на Стејт департментот, со новиот план американската влада се обидува да ја покаже својата сериознот во справувањето со ова прашање.

XS
SM
MD
LG