Линкови за пристапност

Стејт департмент – реакција за текстот во Њусвик


Ова уследи 24 часа откако Њусвик го повлече својот неодамна објавен напис во кој, повикувајќи се на извор од владата, магазинот тврдеше дека американските иследници во затворот во базата Гвантанамо Беј на Куба фрлиле примерок од Коранот во тоалет и потоа пуштиле вода, со цел да ги натераат муслиманските затвореници – осомничени терористи да соработуваат при испрашувањето.

Портпаролот на Белата куќа Скот Меклилан вели дека администрацијата на Буш смета оти одлуката на Њусвик за повлекување на извештајот е добредојдена и ја нарече добар прв чекор, но додаде дека магазинот треба да помогне да се поправи направената штета.

Оштетен е угледот на САД во странство. Причинета е трајна штета на нашиот углед поради овој извештај и би го охрабриле Њузвик да стори се́ што е може за да се поправи нанесената штета, особено во регионот.

Тој кажа дека Белата куќа не му налага на Њусвик што да објавува, но додаде дека магазинот може да ја поправи штетата пишувајќи како дошло до тоа извештајот да биде погрешен, како и за тоа дека армијата има востановена политика и процедури за да обезбеди дека со Коранот се постапува со најголема грижа и почит.

XS
SM
MD
LG