Муслиманите во Авганистан и во Пакистан велат дека се́ уште веруваат оти војниците во затворот во базата Гвантанамо Беј на Куба злоупотребувале копии од светата исламска книга во обид да ги натерааат осомничените терористи да проговорат.
Официјални американски лица соопштија дека била спроведена истрага за наводите и дека нема индикации дека се случило такво нешто, што би било спротивно на политиката на САД. Магазинот Њусвик во понеделникот го повлече текстот.
Но, и покрај тоа, некои муслимански лидери во Пакистан велат дека ќе ги одржат протестите, планирани за наредната недела.
Сајед Мунавар Хасан е лидер на исламска политичка групација која се спротивставува на владата и е отворен критичар на американската војна против тероризмот. Хасан вели дека не може да ги прифати демантите од САД, затоа што смета дека САД не го почитуваат исламот:
“Значи, ова е ставот кој го зазема американската влада. Како да го смениме нашето мислење додека тие не ги променат нивните приоритети и политика?”
Мината недела, пакистанскиот сенат усвои резолуција со која се осудува наводното сквернавењае а во понеденикот Владата соопшти дека повлекувањето на текстот од страна на Њусвик нема да значи дека случајот е затворен. Пакистан бара детална истрага и бара резултатите да бидат објавени во јавноста.
Во соседен Авганистан, насилните антиамерикански протести минатата недела предизвикани од написот во Њусвик однесоа 17 човечки животи, а 100-тина беа повредени.
Американското воено раководство се заложи за подобрување на односите меѓу коалиционите сили и авганистанската јавност. Армискиот полковник Гери Чик изјави дека армијата планира да ги зајакне врските со локалните и верските лидери во земјата:
“Ќе ги удвоиме напорите за комуникација со авганистанскиот народ и ќе им ставиме до знаење дека ние сме тука за нивна безбедност и за обнова на нивната земја. Со помош на нивната доверба ќе продолжиме да работиме во полза на авганистанската иднина.”
Локалните лидери во Авганистан го критикуваат американското присуство во земјата, како и натамошниот притвор на авганистански граѓани во американската база Гвантанамо Беј.