Линкови за пристапност

Оштетен угледот на САД во странство


Портпаролот на Белата куќа Скот Меклилан вели дека администрацијата на Буш смета оти одлуката на Њузвик за повлекување на извештајот е добредојдена и ја нарече добар прв чекор.

Сега, вели Меклилан, магазинот треба да помогне да се поправи направената штета од текстот во кој се вели дека американски воен персонал во Гвантанамо Беј наводно фрлил делови од Коранот во тоалет, со цел да ги натера затворениците – муслимани да соработуваат при испрашувањето.

“Оштетен е угледот на САД во странство. Причинета е трајна штета на нашиот углед поради овој извештај и би го охрабриле Њузвик да стори се́ што е може за да се поправи нанесената штета, особено во регионот.”

Портпаролот на Белата куќа истакна дека Њусвик може да го направи тоа пишувајќи како дошло до тоа извештајот да биде погрешен и за тоа какви се всушност постапките на американската армија кога станува збор за Коранот.

“Армијата има востановена политика и процедури за да обезбеди дека со Коранот се постапува со најголема грижа и почит. Сметам дека би помогнало ова да се истакне, бидејќи некои кои се против САД, го злоупотребија извештајот од Њусвик и го искористија да поттикнат насилство.”

Меклилан рече дека Белата куќа со ова не му налага на Њусвик што да објавува, туку само ги охрабрува неговите уредници да помогнат да биде поправена штетата, за која Белата куќа смета дека предизвикала сериозни последици.

XS
SM
MD
LG