Линкови за пристапност

Имиграцијата во САД:  илегални имигранти


Никој точно не знае колку луѓе влегуваат во САД илегално, но студиите базирани врз податоците од Бирото за статистика и останатите владини агенции укажуваат дека во моментов во земјата има 10 милиони нерегистирани лица. Само минатата година најверојатно околу 3 милиони на илегален начин влегле во САД. Најмногу илегални минувања има на американско-мексиканската граница, во федералната држава Аризона.

И покрај акциите на Пограничната патрола, бројот на илегални имигранти од Мексико расте последниве години. Властите велат - на секој фатен илегалец има по неколку кои успеваат да преминат.

Пустинскиот пограничен предел во Аризона е идеален за трговците со дрога и имигрантите. Една од последиците на нивната активност е степенот на криминал и вандализам во индијанскиот резерват Тохоно О Одам, кој се наоѓа на самата граница. Шефот на полицијата во резерватот, Ричард Саундерс, вели дека неговата заедница е длабоко разочарана од односот кон земјата, која за низ е света:

„Само што ќе ја исчистиш областа, следниот ден доаѓаат нови луѓе, расфрлувајќи ѓубре наоколу. Тоа е постојана битка“ вели Саундерс.

Поради локалните проблеми, но и поради загриженоста дека и терористи може да ја минат границата, стотици граѓани-волонтери зедоа учество во надгледување на еден дел од границата долг 37 километри.

Тие ја набљудуваа границата и ја известуваа Пограничната патрола за воочени илегални активности, но мал број лица се обидоа да ја минат границата додека тие беа присутни.

Тие се нарекуваат Минутмени, според обичните војници – волонтери за време на американската војна за независност од Британија. Нивната иницијатива ја поздравија многу локални жители.

И додека Минутмените ја набљудуваат граничната линија, нив пак ги набљудуваат претставници на Американската унија за граѓански слободи и Мексиканската федерална полиција, секој од својата страна. Засега нема извешаи за инциденти или насилство.

Во старото рударско гранично место Тумбстоун, новинскиот издавач и организатор на Минутмените Крис Симкокс вели дека иницијативата е успешна:

„Духот на граѓанинот на САД преку ставот – можам ова да го направам, како и храброста на граѓанските убедувања се во суштината на целата работа“.

Гласачите на Аризона минатата година ја одобрија Пропозицијата 200, мерка со која им се ускратени одредени социјални погодности на недокументираните имигранти. Некои поборници за имиграциони реформи се залагаат за основање на владина програма за гастербајтери, како онаа што ја предложи претседателот Буш. Но, противниците на програмата гледаат како на амнестија на мала врата за оние кои илегално дошле во САД. И во Конгресот има отпор кон таква програма.

Во меѓувреме, имигрантите и натаму влегуваат во земјата.

XS
SM
MD
LG