Линкови за пристапност

Белата куќа го поздрави апсењето на АбуФараж ал Либи


Претседателот Буш го окарактеризира апсењето на осомничениот терористички лидер Абу Фараџ ал Либи како клучна победа во борбата против тероризмот.

Американскиот претседател за Ал Либи кажа дека бил близок соработник на Осама бин Ладен и главен планер на терористичката мрежа на АлКаида.

„Со неговото апсење се отстранува опасен непријател кој беше директна закана за Америка и оние кои ја сакаат слободата. И́ аплаудирам на пакистанската влада за темелната соработка во борбата против тероризмот“, рече Џорџ Буш.

Пакистанските власти соопштија дека Ал Либи, осомничен терорист со либанско потекло, бил уапсен на почетокот на неделава. По него се трагаше поради обиди за атентат врз претседателот Мушараф во декември 2003-та.

XS
SM
MD
LG